• петок, 27 декември 2024

Во Русија откриена ДНК стара 1,2 милиони години

Во Русија откриена ДНК стара 1,2 милиони години
Јекатеринбург, 18 февруари 2021 (МИА) - Руски научници ја открија најстарата ДНК во светот. Ја издвоија од забите на мамути коишто живееле на Сибир пред 1,2 милиона години. Научниците проучувале остатоци од три мамута што биле закопани илјадници години на постојана температура под нула Целзиусови степени и имаат добро сочуван генетски материјал. Досега најстарата ДНК беше онаа пронајдена кај коњ кој живеел во подрачјето на Канада пред околу 700.000 години. Научниците веруваат дека ДНК-анализата на новите наоди ќе ги расветли генетските одлики и врските меѓу предисториските жители на планетава. си/

Остани поврзан