• четврток, 26 декември 2024

Во Русија излеани сто тони нафта, девет во река

Во Русија излеани сто тони нафта, девет во река
Москва, 17 мај 2021 (МИА) - Во рускиот северозападен регион Коми дојде до излевање сто тони нафта од нафтовод, а девет тони нафта се излеаја во локална река, изјави денеска директорот на Федералната служба за надзор над природните ресурси - Росприроднадзор. „Пронајдена е нафтена дамка што тече по реката Колва“, напиша официјалниот претставник Светлана Радионова на социјалните мрежи. Лукоил соопшти дека во тек е операција за чистење по излевањето од нафтоводот што води од нивното поле Ошкој до објектите што го опслужуваат полето Карјага во соседниот регион. паг/    

Остани поврзан