• четврток, 26 декември 2024

Во Русија забранет весникот „Новаја Газета“

Во Русија забранет весникот „Новаја Газета“
Москва, 5 септември 2022 (МИА) - Без медиумска дозвола остана еден од последните независни весници во Русија, „Новаја Газета“. Руската агенција за регулирање на медиумите Роскомнадзор, обвини дека весникот не доставил документи за промена на сопствеништво од 2006 година. Главниот уредник Дмитриј Мураков, добитник на Нобелова награда за мир за своите напори да го поддржи критичкото известување во Русија, надвор од судницата изјави дека одлуката е „политичко убиство без нималку правна основа“. Тој најави жалба од страна на весникот. „Новаја Газета“ е основан во 1993 година со средства од Нобеловата награда за мир на покојниот советски лидер Михаил Горбачов. Се формираше како водечки руски истражувачки медиум, иако слободата на печатот во Русија, постепено се намалуваше. Весникот во март престана да известува за руската инвазија, по предупредување за кршење на новиот закон што наметнува строга цензура за известувањето на конфликтот во Украина. Потоа редакцијата на весникот формираше интернет портал во Европа, чии извештаи исто така беа блокирани од руските власти. Муратов остана во Русија и во саботата ја предводеше погребната поворка на Горбачов, неговиот финансиски покровител и пријател. бд/ми/

Остани поврзан