• недела, 01 септември 2024

Во Романија расте бројот на жаришта на африканска свинска треска

Во Романија расте бројот на жаришта на африканска свинска треска
Букурешт, 19 јуни 2020 (МИА) - Во Романија оваа недела се регистрирани вкупно 272 жаришта на африканска свинска треска, а во периодот меѓу 11 и 17 јуни бројот на жариштата  се зголемил за десет, соопштија властите во земјата. Според податоците објавени денеска од Националната управа за ветеринарство и безбедност на храна, африканската свинска треска се шири на 150 места во 24 реони во Романија. Пет жаришта се наоѓаат на комерцијални фарми, додека во 16 области болеста е регистрирана само кај диви свињи, јавува новинската агенција Агерпрес. Исто така, во набљудуваниот период, уништени се седум жаришта - шест во округот Телеорман и еден во Брашов. паг/

Остани поврзан