• среда, 27 ноември 2024

Во реонскиот парк започнува празнувањето на општината Ѓорче Петров

Во реонскиот парк започнува  празнувањето на општината Ѓорче Петров

Скопје, 29 август 2024

 

Од денес (29 август ) со почеток од 19.30 часот во реонскиот парк започнува празнувањето на општината Ѓорче Петров. Со настан насловен „На корзо во Ѓорче„ пред платформата Тинекс и настап на бендот „ Retro Vibes “ повеќе генерации ќе можат да уживаат во богатата културно забава програма која ја подоготви општината Ѓорче Петров за своите граѓани.

Во сабота жителите ќе уживаат во Кино на отворено на игралиштето „Бранители“ во Волково со почеток од 19.30 часот , а ќе биде прикажан филмот „Те дуа жими мене“ во режија на Марјан Гавриловски.

Недела е ден за последните подготовки пред учебната година, па затоа подготвивме забава за најмладата публика. Фестивалот за детски песни „Јаболчиња“ како еден од најдобрите во Македонија ќе се погрижи за доброто расположение на дечињата во реонскиот парк со почеток од 13 часот.

За љубителите на автомобилската историја на корзото во Ѓорче од 14 часот ќе бидат изложени над 60 модели на историски возила, , стари над 40 години, а изложбата ќе биде од меѓународен карактер со возила од соседните земји ( Србија, Бугарија, Косово, Хрватска) .

„Денови на општината Ѓорче Петров“ ќе траат се до 20 Септември, и ги повикуваме сите граѓани на општината Ѓорче Петров и пошироко да бидат дел од богата културно забавна програма која ја подготвивме.

Општина Ѓорче Петров 

Фото: Општина Ѓорче Петров 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан