• четврток, 19 декември 2024

Во Реал Мадрид не се загрижени поради информациите дека Мбапе би можел да биде обвинет за силување

Во Реал Мадрид не се загрижени поради информациите дека Мбапе би можел да биде обвинет за силување

Мадрид, 15 октомври 2024 (МИА) - Во Реал Мадрид не се загрижени за информациите за можна поврзаност на напаѓачот Килијан Мбапе со силување, пренесе „РМЦ Спорт“.

Во понеделникот, на 14 октомври, се дозна дека полицијата во Стокхолм отворила истрага за жалба за силување што наводно се случила во хотелот каде што Килијан Мбапе бил на одмор со своето семејство и поранешниот соиграч од ПСЖ, Норди Мукиеле. Фудбалерот ги демантираше информациите за неговото учество во инцидентот. Подоцна, сепак, се појавија информации дека жената повредена во Шведска го обвинила Мбапе за силување.

Како што забележува изворот, Реал Мадрид не е загрижен за тоа што се случило и смета дека информацијата е лажна. Според претставници на клубот, овие гласини се шират со цел да се наруши угледот на 25-годишниот Французин.

Мбапе замина во Стокхолм наместо да ги игра натпреварите од Лигата на нации на Франција. Фудбалерот ги пропушти натпреварите на репрезентацијата со Израел и Белгија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан