Во рамки на манфестацијата „Вапцарови бранувања“ во Делчево промовирана поетската книга „Ризница“ од Мира Георгиевска
- Во рамки на манифестацијата „Вапцарови бранувања“, во НУ Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ во Делчево, денеска беше промовирана поетската книга „Ризница“ од Мира Георгиевска.
Делчево, 13 декември 2024 (МИА) – Во рамки на манифестацијата „Вапцарови бранувања“, во НУ Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ во Делчево, денеска беше промовирана поетската книга „Ризница“ од Мира Георгиевска.
Во своето обраќање Георгиевска рече дека за збогатување на Ризница собира стари народни песни и умотворби од село Градец, за кое рече е место со милениумска традиција.
– Книгата ја нареков Ризница затоа што претставува сето она што е нашето духовно културно и богатство, кое го носиме низ светот. За збогатување на Ризница собирам стари народни песни умотворби и обичаи од село Градец, како место со милениумска традиција кое за жал е иселено, а токму тоа е причината наскоро сето тоа наскоро да го ставам на лист хартија и да го обелоденам пред пошироката јавност, истакна Георгиевска заблагодарувајќи се на Установата за поканата како и до сатиричарот Миле Ѓорѓијоски и поетесата Христина Деолска кои ја водеа промоцијата.
Во рамки на манифестацијата „Вапцарови бранувања“ со музички парчиња на гитара настапија ученици инструменталисти од Делчево, а извадоци од делото на авторката читаа млади вљубеници во поезијата од Делчево.
Свое обраќање имаше и директорот на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, Љупчо Петровски, кој истакна дека „Вапцаровите бранувања“ се организираат 16. година по ред.
– Идејата како Центар за култура е да ги собереме и обединиме сите теленти и млади и возрасни во нивната љубов за творење во чест на нашиот патрон. Во првиот дел од оваа манофестација го посетивме родното место на Никола Јонков Вапцаров, а третиот дел е литературен конкурс за кој ние денес ги одредивме најдобрите творби кои и во текот на наредната недела ќе бидат прочитани во рамки на Вапцаровиот караван, додаде Петровски.
Манифестацијата „Вапцарови бранувања“ се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура. вс/ра
Фото: МИА