• среда, 25 декември 2024

Во рамки на кампањата „Розов октомври“, градоначалникот Дука упати апел за почести самопрегледи и контроли

Во рамки на кампањата „Розов октомври“, градоначалникот Дука упати апел за почести самопрегледи и контроли

Дебар, 26 октомври 2023 (МИА) - Општина Дебар, како и изминатите и овој октомври се вклучи во кампањата за сензибилизација и подигање на свеста за рано откривање на ракот на дојка.

Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој и самиот припаѓа на лекарската фела, упати апел за поголема грижа за сопственото здравје, со почести прегледи и контроли, со цел, како што додаде, откривање на ракот на дојка во рана фаза.

-Ние како локална самоуправа се вклучуваме во кампањата „Розов октомври – месец на сензибилизација и подигање на свеста за рано откривање на ракот на дојка“, како што тоа го направивме и изминатите години, што е во полза на здравјето на граѓаните. Упатувам апел за почести самопрегледи и редовни ехо и мамографски прегледи, затоа што статистиката за состојбата со откриени случаи со карцином на дојка станува загрижувачка појава, рече Дука.

Тој меѓу другото зборуваше и за причините за појавата на оваа болест, начинот на самопрегледи, како и за важноста од превенција на карциномот со навремено дијагностицирање.

Во општините Дебар и Центар Жупа, кои со здравствена заштита ги покрива дебарската Општа болница со проширена дејност, во просек годишно се дијагностицираат по шест случаи на рак на дојка. вт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан