• четврток, 10 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во рамки на „Каде што срцето е дома“ Мицкоски и Перински во посета на Општина Ново Село

Во рамки на „Каде што срцето е дома“ Мицкоски и Перински во посета на Општина Ново Село

Скопје, 30 март 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома“ ќе присуствуваат на увид во градежни активности на проектот изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево, во Општина Ново Село.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, Перински ќе одржи работна средба со градоначалникот Ѓорѓе Божинов и членовите на општинскиот Совет. 

Кампањата „Каде што срцето е дома“ која е во организација на Министерството за локална самоуправарава има за цел преку директни средби, размена на искуства, идеи и предлози, да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување во насока на поголем напредок. дма/сст/

Фото: Лого

Остани поврзан