• четврток, 26 декември 2024

Во ПСЖ стравуваат од реакцијата на француските навивачи доколку Меси го покаже трофејот од СП

Во ПСЖ стравуваат од реакцијата на француските навивачи доколку Меси го покаже трофејот од СП

Париз, 22 декември 2022 (МИА) - Напаѓачот на ПСЖ и Аргентина, Лионел Меси сака да им го покаже на навивачите на францускиот клуб Мундијалот на следниот домашен меч на парижаните.

Според „Goal.com“ Меси побарал од управата на клубот да му дозволи да им го покаже трофејот на навивачите на ПСЖ. Сепак, управата на парискиот тим стравува од реакцијата на навивачите.

Триесет и петгодишниот напаѓач ја предводеше репрезентацијата на Аргентина до победата над Франција (3:3, 4:2 - на пенкали) во финалето на Светското првенство 2022.

Во следниот домашен натпревар од 16. коло на францускиот шампионат, ПСЖ на 28 декември ќе игра против Стразбур. зс/

Остани поврзан