• сабота, 27 јули 2024

Во Пробиштип се реконструира спортско игралиште во училиштето „Браќа Миладиновци“

Во Пробиштип се реконструира спортско игралиште во училиштето „Браќа Миладиновци“

Пробиштип, 11 декември 2023 (МИА) - На самиот крај е реконструкцијата на спортското игралиште, трибините и кошевите со поставување на спортска подлога за баскет во училишниот двор на Основното општинско училиште (ООУ) „Браќа Миладиновци", информираше денеска градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Тој при увидот во градежните активности рече дека поставувањето на подлогата е веќе на самиот крај, останува следните денови да се завршат трибините и да се постават нови табли и кошеви согласно фиба стандардите.

-Средствата за овој проект се во висина од 2,2 милиони денари и се од Програмата за образование. Токму овој простор освен што го користат нашите ученици, децении наназад се користеше за баскет и кошарка од нашите сограѓани и со неговата реконструкција создаваме можност за спортски натпревари и рекреативна употреба на овој терен за баскет и кошарка, вели Анастасов.

Посочи дека Општина Пробиштип вложува во реконструкција на спортските објекти, со цел развој на спортот и поддршка на спортистите и спортските клубови. вдј/дма/

Фото: Општина Пробиштип 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан