• петок, 27 декември 2024

Во Прилеп симболично одбележување на Водици

Во Прилеп симболично одбележување на Водици

Прилеп, 17 јануари 2022 (МИА) - Со сите традиции, но симболично, во Прилеп ќе се одбележи празникот Богојавление - Водици.

Скромно и симболично празникот ќе се одбележи во дворот на најпознатата прилепска црква „Свето Благовештение“.

Во среда во 9:30 часот во црковниот двор, на светото положување на крстот ќе учествуваат неколку дечиња и со тоа ќе се задржи симболиката на овој голем празник, но, воедно, и ќе се запазат рестриктивните мерки и препораки да нема голема масовност. ем/ар/

Остани поврзан