• четврток, 26 декември 2024

Во Прилеп се одржува карневалот „Прочка 2024“

Во Прилеп се одржува карневалот „Прочка 2024“

Прилеп, 17 март 2024 (МИА) - Околу 500 учесници денеска дефилираа на прилепскиот карневал „Прочка 2024“. На булеварот во центарот на Прилеп карневалското дефиле го предводеа прилепските мечкари, заштитна маска на Карневалот и прогласена за нематеријално културно богатство од министерството за култура. На дефилето имаше маски од Прилеп и од повеќе градови од земјава.

Можеа да се сретна групни маски на аватари, пирати, ткајачи, а гостуваа познатите Бамбурци од селото Ратово.

- Нашата маска е вековна. Млади момчиња рано наутро се собираме во селото и одиме во куќите за да го избркаме лошиот дух, рекоа маскираните Бамбурци од Ратево.

На карневалот ги имаше маските „Аватар“, „Весели тотеми“ од Пробиштип.

Прилепските мечкари велат се одржува и продолжува вековната традиција.

Годинава сме околу 50 маскиреани и многу ни е мило што имаме 10-тина млади кои ја продолжуваат традицијата, рекоа прилепските мечкари.

Прилеп е членка на меѓународната федерација на карневалски градови и со гордост ја одржува вековната традиција во маскирањето.

-Прилеп е горд на карневалот кој се одржува по 22-ри пат. Има одлични маски, расположението е прекрасно, карневалско. Иако годинава немаме гости од други земји, карневалот останува меѓународен и ги очекуваме догодина, рече Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“.

Карневалските свечености траеја три дена. Во петокот беа изложени преку 400 маски, креации на прилепските ученици, вчера напладне се презентираа обичаите за Прочка, а денеска маскираните ја претставуваа вековната традиција.

За Карневалот, угостителските објекти довечер ќе работат со продолжено работно време. Прилепските мечкари за утре ги поканија сите гости на заеднички посен ручек со грав во манастирот „Свети Ѓорѓија“ кај Прилеп со што ќе биде означен почетокот на предвелигденските пости. ем/лв/

фото: МИА

Остани поврзан