• понеделник, 18 ноември 2024

Во Прилеп почна доставувањето предлози за наградата „3 Ноември“

Во Прилеп почна доставувањето предлози за наградата „3 Ноември“

Прилеп, 20 септември 2023 (МИА) - По повод одбележувањето на празникот на Прилеп - „3 Ноември“ - Денот на ослободувањето на градот, Општина Прилеп на 3 ноември, традиционално, секоја година доделува награди и признанија на поединци и институции кои придонесле за развојот на Прилеп, како и наградата за животно дело на истакнат прилепчанец.

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија објави дека почна доставувањето на предлози.

-Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот. Предлог за доделување награди и признанија може да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти, рече Игор Николоски, претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, прес-конференцијата на Комисијата.

Предлозите се доставуваат до Комисијата при Советот на општина Прилеп, на приемното одделение во новата општинска зграда или на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1-Прилеп. Конкурсот е отворен до 18 октомври. Николоски објасни дека предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3. ноември 2022 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област. ем/

Фото:МИА и Општина Прилеп 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан