• четврток, 19 декември 2024

Во Прилеп петмина новозаболени од Ковид-19

Во Прилеп петмина новозаболени од Ковид-19

Прилеп, 12 мај 2020 (МИА) - Според најновите информации, во Прилеп денеска се регистрирани пет нови случаи на заразени лица од Ковид-19 што претставува пораст на новозаболените, за разлика од претходните денови кога имаше од еден до двајца случаи. Излекувани се седум пациенти, со што вкупната бројка на излекувани е 127. Досега има починато 11 лица.

Пораст на бројките има и на пациентите кои се на Инфективното одделение во прилепската болница. Таму се хоспитализирани 18 лица, што е за тројца пациенти повеќе од вчерашниот ден. Од нив 13 се позитивни на коронавирусот, а поради потешка клиничка слика, еден од нив денеска ќе биде испратен на скопските клиники.

Во делот за изолација се наоѓаат петмина пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 182 лица, што пак значи дека бројот е намален од вчерашниот ден кога беа евидентирани 234 лица.

Во изминатото деноноќие се забележани пет нарушувања на полицискиот час.ем/бт/ 

Остани поврзан