• среда, 25 декември 2024

Во Прилеп отворен Фестивалот на пивото

Во Прилеп отворен Фестивалот на пивото

Прилеп, 10 агуст 2024 (МИА) - Во големо расположение, музика, забава и дегустација на пенлив пијалак и вкусна скара, во Прилеп синоќа беше отворен Фестивалот на пивото, втора година по ред насловен – „Пиво-викенд Прилеп“. Традиционално, повеќе од 22 години, штандовите се поставени на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот.

Фестивалот официјално за отворен го прогласи прилепскиот градоначалник, посакувајќи  трите дена, до недела, сите гости и посетители да поминат убави летни мигови. 

- Сите капацитети се полни, уреден е јавниот ред, а секако и паркинг просторот во зони за да може сите посетители и гости да стигнат и да уживаат овој викенд во Прилеп. Градот е препознатлив по овој фестивал кој освен вечерна забава, на гостите им нуди прошетки и разгледување на знаменитостите. Во секој случај, Фестивалот носи и голем бенефит. Со посебни одлуки е продолжено и работното време на трговците и дуќанџиите, изјави градоначалникот Борче Јовчески.

Во градот има голем број посетители, а организаторот, Дарко Крстески, проценува дека за трите дена (од петок до недела) се очекуваат 50. 000 до 60. 000 посетители на Фестивалот на Пивото.

Музика и забава има за сите возрасти, а гости од земјава и странство. Посебно нашинците кои се на сите страни од светот и носат свои гости. ем/ев/

ФОТО: Извор МИА

Остани поврзан