• недела, 29 декември 2024

Во Прилеп отворена изложба за емиграцијата

Во Прилеп отворена изложба за емиграцијата

Прилеп, 15 јуни 2024 (МИА) - Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата „Испразнетото гнездо“ од уметницата Марија Конеска. Преку своите дела, Конеска говори за емиграцијата.

Отворајќи ја изложбата, Викторија Димеска, историчар на уметност, рече дека станува збор за инсталација со фотографии печатени на пластика, на кои се претставени напуштени куќи, градби и игралишта. Со богат визуелен јазик на автентичен начин ја опишува емигрантската приказна и ја претставува животната приказна која ја остава секој иселеник зад себе.

-За да ја акцентира тридимензионалноста во просторот и сегашноста и да го вовлече посетителот како активен учесник во визуелната композициска нарација, уметницата пред фотографиите поставува пластични силуети, претходно исечени со ласер.Поставените силуети потсетуваат на одамна минато време обременето со заборавени уморни ветувања, сенки без спомени, рече Димеска. ем/лв/

фото извор Центар за култура „Марко Цепенков“

Остани поврзан