• сабота, 23 ноември 2024

Во Прилеп одбележани 66 години од смртта на Методија Андонов - Ченто

Во Прилеп одбележани 66 години од смртта на Методија Андонов - Ченто

Прилеп, 24 јули 2023 (МИА) - Со положување цвеќе пред споменикот во центарот на Прилеп, делегации од градот оддадоа почит и ја оддбележаа 66-годишнината од смртта на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Пред споменикот се поклонија делегација на Општината предводена од градоначалникот Борче Јовчески, делегации на политичките партии и граѓани.

- Долго време по неговата смрт, Ченто бил табу тема и ретко бил споменуван во книгите и учебни­ци­те, а и јавните разговори за него биле најстрого забранувани. Во 1990 година, по осамостојувањето на Македонија, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, судот ја повторил кривичната постапка против Ченто, при што одлуката на судот од 1946 година била укината. Постхумно е одлику­ван со „Орден на Република Македонија“, признание кое го имаат само поранешните претседа­те­ли на државата, потенцираат од прилепската локална самоуправа.

Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година, во својот роден град. ем/мд/

Фото: Општина Прилеп 

                                                                                                                    

Остани поврзан