• петок, 27 декември 2024

Во Прилеп неизвесност за туристичките аранжмани и за ученичките екскурзии

Во Прилеп неизвесност за туристичките аранжмани и за ученичките екскурзии

Прилеп, 17 февруари 2024 (МИА) - За 30 проценти се намалени аранжманите на туристичките агенции во Прилеп поради неизвесноста од изготвувањето на патните документи за граѓаните. Според состојбите, се стравува дека ќе има уште поголемо откажување на аранжманите за патување во странство.

- Неочекувано, големи се последиците. Аранжманите се намалија за преку 30 проценти. Први „на удар“ се осмомартовските аранжмани. Веќе имаме откажувања на аранжмани, а речиси се полни автобусите. Ги откажуваат аранжманите зашто половината од патниците и немаат пасоши, а се фотографирани, но не знаат кога ќе ги добијат документите, вели Бранко Карески од прилепска туристичка агенција.

Голем проблем ќе бидат екскурзиите со учениците.

- Проблем ќе има за средношколските екскурзии. Голем број се веќе договорени, дефинирани се со време, маршрути, избрани се агенции, термини, дестинации, треба да бидат во април. А дотогаш е прашање дали сите ученици ќе извадат пасоши. Некои беа и малолетни, па доставија барање со полнолетството, но никој не знае кога ќе им стигнат пасошите. Ситуацијата е сложена и никој не знае како ќе се одвива наредниот период, вели Карески.

Проблем е и со меѓународните натпреварувања на учениците, па според туристичките агенции во Прилеп, следува неизвесен период за аранжманите за патување на граѓаните. ем/ир

Фото: МИА

Остани поврзан