• недела, 24 ноември 2024

Во Прилеп вакцинирани над 45 проценти од населението

Во Прилеп вакцинирани над 45 проценти од населението
Прилеп, 10 септември 2021 (МИА) - Над 45 проценти од населението од Прилепскиот регион има примено вакцинација, информираат од регионалниот вакцинален пункт во Прилеп. Според Зорица Шојлеска, координатор на пунктот интересот е голем и се надева дека тоа набрзо ќе го зголеми процентот на имунизирани граѓани. -Има голем интерес за вакцинација и кај повозрасните и кај помладите.  Во текот на вчерашниот ден имаше околу 1000 граѓани од кои над 200 за прва вакцина. Сега се вакцинираат оние кои во март-април го прележаа вирусот и со дозвола од лекар сакаат да се имунизираат. Процентот над 45 насто граѓани кои се имунизирале е солиден, а интересот упатува наскоро да се зголемат бројките на вакцинирани, вели Шојлеска. Секојдневно на теренот е и екипата која добива повици за вакцинација во домовите на немоќните и неподвижните. - Денеска бевме на теренот и досега се вакцинирани 11 граѓани, на некои места по еден, а има во дом и по двајца кои сакаат да се вакцинираат, но не можат да се движат. Секојдневно добиваме повици, вели лекарот Алчександра Зојческа. Регионалниот пункт за вакцинација во Прилеп останува и овој месец на истата локалција, спортската сала во средното училиште „Ѓорче Петров“. ем/аа/

Остани поврзан