• четврток, 26 декември 2024

Во Прилепската чаршија денеска почнува првиот „Прилеп аутлет викенд“

Во Прилепската чаршија денеска почнува првиот  „Прилеп аутлет викенд“

Прилеп, 17 февруари 2023 (МИА) - Во Прилеп денеска и утре се одржува првиот „Аутлет викенд“. Над 200 трговци од Прилепската чаршија се вклучија во овој настан, кој е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани да уживаат во шопинг-забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на чаршијата, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм. 

Овој прв „Аутлет викенд“ е во организација на општина Прилеп и на Прилепската чаршија.

Како што објаснуваат од локалната самоуправа, трговците на своите дуќани ќе имаат налепница со заштитен знак на настанот за купувачите да знаат каде да пазарат. Голем е интересот за купување од купувачите од целиот регион на Битола, Крушево, Долнени  Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци и пошироко во Македонија.

- На првиот „Прилеп аутлет викенд“ на купувачите им се нуди шопинг-забава и евтино купување на брендови. Попустите, велат прилепските трговци, ќе бидат до 70 насто. Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани, да уживаат во шопинг-забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на Прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм, објаснуваат од прилепската локална самоуправа.

„Прилеп аутлет викенд“ покрај попустите во трговските дуќани кои ќе бидат отворени од 8 до 19 часот, ќе понуди и интересни содржини и пакет-услуги и во кафетериите и кафулињата, што ќе претставува посебно уживање за сите купувачи.

Прилепчани и Општина Прилеп, како организатори на настанот, очекуваат Прилепската чаршија да биде посетена од илјадници купувачи кои ќе уживаат во секој шопинг-момент. ем/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан