• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во претреси во Битола пронајдена марихуана, приведени двајца дилери

Во претреси во Битола пронајдена марихуана, приведени двајца дилери

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Битолската полиција во два одвоени слуачи вчера привеле две лица во чии домови била пронајдена марихуана. 

Како што се посочува во соопштението од полицијата, на 26.02.2025 во 16.20 и 19.25 часот во Битола, полициските службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.М.(19) и К.И.(29) од Битола. При претрес во домот на Г.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Додека, при претрес во домот на К.И., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следува соодветна пријава, се посочува во соопштението од МВР. ев/лв/

ФОТО: Архива 
 

Остани поврзан