• петок, 27 декември 2024

Во Премиер лигата ќе треба до 500 луѓе за да спроведат натпревари без гледачи

Во Премиер лигата ќе треба до 500 луѓе за да спроведат натпревари без гледачи
Лондон, 27 април 2020 (МИА) - Во Англија пресметаа колку луѓе треба да бидат ангажирани за да спроведе еден натпревар без гледачи, ако се одржи на стадионот, а не на базата за тренинзи. Според „Телеграф“, 210 луѓе ќе го сочинуваат тимот и нивните „придружници“. Исто така, ќе бидат додадени бројни вработени во различни услуги, кои ќе треба да бидат вклучени во арените (електричари, водоводџии, оператори на табла). Доколку се организираат преноси во живо, екипажот традиционално ќе опфати 77 лица. Со оглед на масовната дезинфекција, вкупниот број на лица вклучени во натпреварот ќе биде околу 500 лица. За натпреварот во рагби се потребни 166 лица. 300-350 лица ќе бидат вклучени во натпревари во крикет. зс/

Остани поврзан