• сабота, 23 ноември 2024

Во првите седум месеци од годината зголемен бројот на туристите кои ја посетиле земјава

Во првите седум месеци од годината зголемен бројот на туристите кои ја посетиле земјава

Струмица, 2 октомври 2024 (МИА) - Во периодот од јануари до јули годинава во споредба со истиот период лани имаме зголемување за 7,8 отсто на бројот на туристи, а зголемувањето кај странските туристи е за 9,7 отсто повеќе. Тоа значи зголемување на девизниот прилив од туризмот и неговото учество во БДП, рече директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска во одговор на новинарско прашање на МИА на денешната прес конференција по посетата на Хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил – Бања Банско“, Струмица.

Во периодот од јануари до јули годинава во споредба со истиот период лани имаме зголемување за 7,8 отсто на бројот на туристите, а зголемувањето кај странските туристи е за 9,7 отсто повеќе.

Според неа, растот на бројките не значи и развој, бидејќи Стефаноска смета  дека развојот стагнира, па дури е и уназаден.

-Државата треба посветено да работи, да инвестира и најважно е создавање на национална стратегија за туризам, во која би влегле стратегијата за рурален туризам, бањски туризам, за транзитен, културен и сите други алтернативни форми на туризам, додаде Стефаноска. рт/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан