• петок, 27 декември 2024

Во првите пет месеци од годинава Грција ја посетиле речиси седум милиони туристи

Во првите пет месеци од годинава Грција ја посетиле речиси седум милиони туристи

Атина, 23 јули 2024 (МИА) – Во периодот од јануари до мај 2024 година Грција ја посетиле 6.943.900 туристи, бројка за 20,6 отсто повисока, односно над еден милион посетители повеќе споредбено со првите пет месеци минатата година, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Со зголемувањето на бројот на туристи, зголемени се и приходите за 16,2 отсто и изнесуваат 3,8 милијарди евра, порастот, што, како соопштија од Банката на Грција, се должи на зголемувањето на приходите од посетителите од земјите од ЕУ за 24,7 проценти, како и зголемување за 6,4 отсто од граѓани од останатите земји. 

Пристигнувањата преку аеродромите биле зголемени за 21,5 отсто додека преку копнените гранични премини за 19,9 проценти. 

Минатата година беше особено успешна за грчкиот туризам, со оглед на тоа дека Грција ја посетија 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година. ср/паг/

Остани поврзан