• понеделник, 30 декември 2024

Во првиот уписен рок гевгелиските ученици најголем интерес имале за гимназиско образование

Во првиот уписен рок гевгелиските ученици најголем интерес имале за гимназиско образование
Гевгелија, 22 јуни 2021(МИА) - Најмногу од запишаните 148 ученици во првиот уписен рок во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија или вкупно 57 од нив, се запишале во стандардното гимназиско образование, потврдија денеска од гимназиската администрација. Од вкупно 286 слободни места во 10 паралелки во првиот уписен рок се пополнети нешто повеќе од 50 отсто.Вториот уписен рок ќе се одвива утре и задутре, третиот на 30 јуни, а официјалната ранг листа на запишани ученици ќе биде објавена на 1 јули. - Покрај гимназијалците примени се уште 14 ученици во паралелката за физиотерапевти и акушерки, 32 за економски техничари, 24 во хотелско туристичката насока,13 во машинска и осум ученици во угостителката насока, велат од гимназијата. Пред утрешниот втор уписен рок најмногу слободни места, уште 45,останаа во гимназиското образование во кое една паралелка од 34 ученици ќе биде македонско француска билингвална паралелка.Многу помал е бројот на слободни места во паралелките за стручно образование. им/цр

Остани поврзан