• петок, 27 декември 2024

Во првиот квартл од годината вложени 17,6 милијарди евра во стартап компании во Европа

Во првиот квартл од годината вложени 17,6 милијарди евра во стартап компании во Европа
Лондон, 4 мај 2021 (МИА) - Инвестициите во ризичен  капитал во европските технолошки старт-ап во 2020 година се искачија на рекордно ниво од 45,3 милијарди евра и најверојатно оваа година ќе бидат рекордни, „Питчбук“ (Pitchbook). Само за првите три месеци од годинава во старт-ап компаниите во Европа се инвестирани 17,6 милијарди евра. Инвестициите во старт-ап компании се најголеми во САД. Според податоци на Националната асоцијаја на ризичен капитал  во 2020 година во САД се инвестирани рекордни 156 милијарди долари во американски старт ап компании. Во Европа во 2020 година биле вложени над 45,3 милијарди евра за 7.825 зделки. - Првото тримсечие од годинава е потврда за рекорди во тој сегмент. Ние тоа и го очекувавме. Стартапите во Европа и особено во технолошкито сектор се на високо ниво оценети и тоа води кон големи инвестиции, коментира Налин Пател финансиски аналитичар во „Питчбук“. Во текот на целата измината 2020 година, стартап технолошките компании во Европа добија вкупна инвестиција од 20,2 милијарди евра. Само во првиот квартал од 2021 година, компаниите собраа 21 милијарди евра. ми/

Остани поврзан