• сабота, 23 ноември 2024

Во праисторијата бебињата пиеле млеко од овца и крава

Во праисторијата бебињата пиеле млеко од овца и крава
Берлин, 31 јануари 2020 (МИА) - Археологијата посветува многу време и напор за да утврди што јаделе нашите предци. А, во таа смисла, најмалку се знае за новороденчињата, на пример - што кога нивните мајки престанувале да дојат? Науката знае многу малку за тоа што бебињата и малите деца јаделе во длабоката древност, меѓу другото, и поради тоа што детските гробови, каде што на дното обично се наоѓаат остатоци од храна, се поретки. Тим германски археолози неодамна пронајдоа две детски гробници во близина на Берлин и Аугсбург, во кои е најден прибор што веројатно се користел за чување храна за децата закопани таму. Гробовите се од европското бронзено и железо доба, што се протега од 1200 до 450 година пред нашата ера. Анализата на садовите најдени на дното покажа дека тие содржат кравјо и овчо млеко. Наодите посочуваат дека животинското млеко е првата храна што мајката им ја давала на децата кога престанувало доењето. си/паг/

Остани поврзан