• сабота, 23 ноември 2024

Во последните осум години изгореле 37 отсто од шумите во областа Атика, поширокиот регион на Атина

Во последните осум години изгореле 37 отсто од шумите во областа Атика, поширокиот регион на Атина

Атина, 14 август 2024 (МИА) – Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, шумската површини е околу 123.000 хектари, а во последните осум години во пожарите изгореа 45.000 хектари шума, односно 37 отсто од шумската површина, пишува порталот Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Порталот ги анализира и презентира податоците за опожарените површини од шумските пожари во последните осум години години, односно од 2017 година до сега во континенталниот дел на регионот Атика.

-Од 2017 година до 13 август 2024 година, во 13 големи пожари изгореа повеќе од 70.000 хектари, според извештаите на службата за брзо мапирање Коперник и Европската опсерваторија за шумски пожари (ЕФФИС), пишува Метео.

Според анализираните податоци, најголема површина (25.370 хектари) изгорела во 2021 година, лани изгореле 21.560 хектари, а во пожарите летово, во областа Атика, изгорената површина се проценува на нешто помалку од 10.000 хектари.ср/

Остани поврзан