• сабота, 31 август 2024

Во посета на општина Маврово и Ростуше заменик - градоначалникот на турската општина Јунусемре, по потекло од Река

Во посета на општина Маврово и Ростуше заменик - градоначалникот на турската општина Јунусемре, по потекло од Река

Дебар, 14 август 2024 (МИА) - Во посета на општина Маврово и Ростуше беше Џенгиз Балкан, заменик - градоначалник на општина Јунусемре, Маниса од Република Турција, кој по потекло е од Река.

-Во посета на нашата општина заедно со  нашиот пријател Џенгиз Балкан, беа и негови соработници, со кои имавме срдечна средба и разговор. Имаме одлична соработка со општина Јунусемре која резултира со взаемни посети на официјални лица и фолклорни групи a во наредниот период се надеваме и на уште поголема соработка посебно во насока на обезбедување турски инвестиции,  информираше градоначалникот Медат Куртовски.

Додаде дека гостинот, всушност е дома, во крајот од каде е неговото потекло.

- По потекло е од нашиот крај, по татко од село Болетен а по мајка е од село Велебрдо. При оваа посета му ја исполнивме големата желба да ги посети нивните родни места, рече Куртовски.

Џенгиз Балкан претходно три мандати бил градоначалник на општината Кучуккоју, Чанаккале. вт/дма/


Фото: Општина Маврово и Ростуше

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан