• среда, 25 декември 2024

Во посета на Дебар, Чернихорски, од чешката амбасада во Скопје

Во посета на Дебар, Чернихорски, од чешката амбасада во Скопје

Дебар, 18 јули 2022 (МИА) - Во посета на општина Дебар денеска беше Давид Чернихорски, раководител на економскиот сектор во амбасадата на Република Чешка во Скопје. 

- Чернихорски оствари средба со градоначалникот Хекуран Дука, со кого разговараа околу финансиска поддршка за реализација на проект во нашата  општина. Разговараа поконкретно за проект, што ќе се реализира со средства на Чешка, како што вети амбасадорот Јерослав Лудва при посетата на Дебар, информираа од  општината. 

Додаваат дека тема на разговорот била и промоцијата на туризмот како и можностите за соработка на ова поле. 

При престојот во Дебар, кон крајот на април годинава, на средбата со градоначалникот Дука со амбасадорот Лудва разменија  мислења од повеќе области, а договорена беше и помош за реализација на значаен проект. вт/сст/

Остани поврзан