• среда, 25 декември 2024

Во поплавите и лизгањето на земјиштето во Индонезија животот го загубија 62 лица

Во поплавите и лизгањето на земјиштето во Индонезија животот го загубија 62 лица

Џакарта, 15 мај 2024 (МИА) - Бројот на луѓе кои го загубија животот во поплавите и свлечиштата во индонезиската провинција Западна Суматра денеска се зголеми на 62, соопштија официјални претставници.

Спасувачките тимови ги пребаруваат областите во близина на реките во потрага по 25 лица кои се уште се водат како исчезнати.

„Дождовите почнаа во саботата, создавајќи порои, лизгање на земјиштето и текови на студена лава, која е мешавина од вулканска пепел, камења и течна кал“, изјави шефот на спасувачкиот тим во Западна Суматра, Абдул Малик.

„Обилните дождови ги однесоа материјалите како пепел и големи камења од вулканот Марапи. Текот на студена лава и порои ни се закана во последно време. Но, проблемот е што тоа секогаш се случува доцна навечер, пред зори“, рекол Малик.

Тој посочи дека на терен се околу 400 спасувачи, полицајци и војници кои со помош на неколку багери и беспилотни летала трагаат по исчезнати лица, а операцијата за спасување е отежната на оштетените патишта. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан