• среда, 25 декември 2024

Во поплавите во Нигерија, од јуни до сега, загинаа 500 лица, а над 1,4 милиони се раселени

Во поплавите во Нигерија, од јуни до сега, загинаа 500 лица, а над 1,4 милиони се раселени
Најроби, 12 октомври 2022 (МИА) - Повеќе од 500 луѓе загинаа од јуни досега во најголемите поплави во Нигерија во последната деценија, при што обилните врнежи принудија 1,4 милиони луѓе да ги напуштат своите домови, соопштија властите. Од почетокот на сезоната на дождови, многу делови од најнаселената африканска земја се опустошени од поплави, што ги поттикна стравувањата од несигурност во однос на обезбедување храна и инфлација. „Повеќе од 1,4 милиони луѓе се раселени, околу петстотини загинаа“, а 1.500 се повредени во поплавите, соопшти нигериското Министерство за хуманитарни прашања. Повеќе од 45.000 куќи и 70.000 хектари обработливо земјиште се целосно уништени, додаде во соопштението заменик-портпаролот на министерството, Рода Ишаку Илија. Меѓутоа, портпаролот на државната агенција за управување со катастрофи, Манцо Езекиел,денеска изјави дека податоците се од минатиот викенд. ссм/

Остани поврзан