• четврток, 26 декември 2024

Во понеделник почнува „Карпошово Културно лето 2024“

Во понеделник почнува „Карпошово Културно лето 2024“

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Културно-уметничката манифестација „Карпошово Културно лето 2024“ по 15 -ти пат ќе почне во понеделник на  19 август и ќе трае до 27-ми август. За оваа намена, Општина Карпош  издвои средства во висина од 2,5 милиони денари, информира на денешната прес-конференција градоначалникот Стевче Јакимовски.

Тој порача  дека оваа година, плоштадот „Делфина“ во Влае, девет дена ќе биде резервиран за незаборавна забава на која ќе настапуваат уметници, солисти, музичари, а ќе има програма и за најмладата публика.

На овогодинешното „Карпошово културно лето 2024“ ќе настапат: национален џез оркестар, гудачки оркестар и Радио Бубамара со солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп-Анкова и Драган Мијалковски, кои ќе бидат дел од македонскиот музички времеплов

-Ги повикувам карпошани, како и граѓаните од другите општини, да присуствуваат на овие вечери, да се дружиме и забавуваме, малку да се релаксираме, порача Јакимовски.

Тој  информира дека локалната самоуправа годинава фокусот го насочи кон македонската културна сцена, со што на  јубилејното 15- тто по ред  „Карпошово културно лето 2024“ ќе настапуваат само домашни музичари, уметници и актери. ад/дма/


Фото: Општина Карпош

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан