• среда, 25 декември 2024

Во полициска контрола констатирани 42 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

Во полициска контрола констатирани 42 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - МВР информира дека денеска, во периодот од 12.00 до 16.00 часот, на територијата на земјава е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, при што биле констатирани 42 сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.

Од Министерството апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас. ир/сп/

Остани поврзан