• сабота, 23 ноември 2024

Во пожар под Скопско кале зафатени пет автомобили, при крај интервенцијата на пожарникарите

Во пожар под Скопско кале зафатени пет автомобили, при крај интервенцијата на пожарникарите

Скопје, 6 април 2024 (МИА) -  Пет патнички возила се зафатени со пожарот што избувна попладнево на поранешниот полигон за полагање возачки испити под Кале, а во неговото гаснење се вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Томевски вели дека нема интервенцијата на пожарникарите е при крај.

-Пожарот е локализиран и спречено е ширење на соседните возила. Причинета е само материјална штета, рече Томевски.лв/ра/

фото:МИА архива 

Остани поврзан