• сабота, 23 ноември 2024

Во пожар на аеродром на Флорида запалени 3.500 рент-а-кар возила

Во пожар на аеродром на Флорида запалени 3.500 рент-а-кар возила
Мајами, 6 април 2020 (МИА) - Пожар, што се појавил на тревната површина на Меѓународен аеродром во југозападна Флорида, уништил илјадници автомобили за изнајмување, соопштија претставници на противпожарната служба. Огнената стихија, што почнала во петокот,  се проширила на 15 хектари и првично зафатила само 20 автомобили на аеродромот во Форт Мајерс, но до моменто кога бил изгаснат, по 18 часа, изгореле повеќе од 3.500 автомобили за изнајмување, пренесе Си-Ен-Ен. -До моментот кога единицата стигна на местото на пожарот, имавме 100 запалени автомобили.  Потоа престанавме да броиме, изјави Мелинда Авни, од Шумската служба на Флорида. Според Си-Ен-Ен, црниот облак од чад можел да се види на километри околу Форт Мајерс, град со околу 82.000 жители на југозападот од Флорида. Во пожарот нема повредени, а надлежните служби сега утврдуваат што била причината за него. сд/

Остани поврзан