• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во пожарот во фабриката за литиумски батерии во Јужна Кореја животот го загубија 22 лица

Во пожарот во фабриката за литиумски батерии во Јужна Кореја животот го загубија 22 лица

Сеул, 24 јуни 2024 (МИА) - Во пожарот што денеска избувна во јужнокорејската фабрика Хвасеонг во близина на Сеул, а за кој постои сомневање дека е предизвикан од експлозија на литиумски батерии, животот го загубија 22 лица.

Меѓу загинатите има 18 кинески државјани, двајца јужнокорејци и еден државјанин на Лаос, а осум лица се повредени, соопштија властите. Едно лице се уште не е идентификувано.

Во моментот на пожарот во фабриката работеле 102 лица.

Како што соопштија од Противпожарната служба, според сведочењето на преживеаните, пожарот избувнал кога батериите експлодирале додека работниците ги прегледувале и пакувале на подот на фабриката. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан