• среда, 20 ноември 2024

Во петок треба да се избере наследник на Љубомир Јовески

Во петок треба да се избере наследник на Љубомир Јовески

Скопје, 20 декември 2023 (МИА) - Советот на јавни обвинители во петок треба да избере вршител на должноста кој ќе го замени актуелниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески на кого во понеделник му истекува мандатот.

Вршителот на должност ќе се избере од редот на републичките обвинители и тој ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител за кого постапката е во тек. На огласот пријавени се тројца кандидати - Лидија Раичевиќ, Фатиме Фетаи и Љупчо Коцевски. 

Инаку, на денешната седница на Советот на јавни обвинители обвинителката од ОЈО ГОКК Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство. Покрај Стефанова, избран е и Наум Пановски од скопското Вишо обвинителство. 

Стефанова беше дел од тимот на СЈО, а во моментот единствен активен предмет кој го води е „Титаник“. бак/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан