• среда, 25 декември 2024

Во петок во Тирана средба на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес

Во петок во Тирана средба на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес

Тирана, 4 октомври 2023 (МИА) - Во рамки на Самитот на Берлинскиот процес, кој, овој месец, за првпат ќе одржи во Албанија, во петок во Тирана се организира состанок на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес.

-Утре, четврток,  ден пред состанокот,  ќе му претходи прием на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, други земји-учеснички во Берлинскиот процес, претставници на ЕУ, како и регионални организации, јави државната агенција АТА, повикувајќи се на Министерството за Европа и надворешни работи.

Берлинскиот процес е иницијатива насочена кон зголемување на регионалната соработка на Западен Балкан и давање помош за интеграција на земјите од овој регион во Европската Унија.

Во функција на Самитот на Берлинскиот процес, што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври, на  26 септември во Тирана  се одржа Форумот на министри за економија, а претходно и на министрите за внатрешни работи. вт/сд/

Остани поврзан