• среда, 25 декември 2024

Во Париз средба на Макрон со Помпео зад затворени врати

Во Париз средба на Макрон со Помпео зад затворени врати
Париз, 16 ноември 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео зад затворени врати. Помпео претходно имаше средба со шефот на француската дипломатија Жан-Ив ле Дријан. Елисејската палата посетата на Помпео ја оцени како „куртоазна“. По средбата на Макрон со Помпео не е закажана прес-конференција, а дел од француските медиуми тоа го јкако обид да се избегнат прашањата на новинарите за несогласувањата за исходот на американските претседателски избори. Средбата Макрон - Помпео се одржува само девет дена откако францускиот претседател му ја честиташе победата на Џо Бајден, а американскиот државен секретар не ја признава неговата победа на претседателските избори во САД. Додека од тимот на Помпео соопштија дека нема прес-конференција поради пандемијата соКовид-19. Помпео со посетата на Франција ја почнува својата турнеја во Европа и Блиски Исток, но не се познати детали. Предвидено е тој од Париз да отпатува за Турција, но не е закажана средба со турските владини претставници. ми/

Остани поврзан