• среда, 25 декември 2024

Во Париз протести поради најавените пензиски реформи

Во Париз протести поради најавените пензиски реформи

Париз, 31 јануари 2023 (МИА) – Франциуските синдикати денеска објавија дека најмалку половина милион луѓе протестираат во Париз поради пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон.

Реформа предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Синдикатите за денеска закажаа протести низ целата земја и  очекуваат голем одѕив, како оној на 19 јануари, кога над милион луѓе излегоа на улиците.

– Реформата е брутална и неправедна, изјави претседателот на Синдикатот на државните службеници УНСА, Лик Фаре, додавајќи дека пензиската реформа претставува „чекор наназад во социјална смисла“.

Според анкетите, мнозинството француски граѓани се против пензиските реформи предложени од Владата на Макрон, но засега ниту една страна не покажува намера да отстапи. ми/

Остани поврзан