• четврток, 26 декември 2024

Во Париз, дизајнирано погребно возило движено од велосипед

Во Париз, дизајнирано погребно возило движено од велосипед

Париз, 1 ноември 2022 (МИА) - Во Париз почна да кружи мртовечко возило што го придвижува велосипед. Целта е да се намали загадувањето, а новото возило нуди и дискретна замена за традиционалните погребни возила - со помал шум, објави денеска интернет-страницата „Париз сикрет“ (Paris Secret).

Иновацијата во облик на велосипедска погребна кола е на компанијата „Ле сијел ет ла тер“ (Le Ciel & la Terre). Новото возило, кое некому може да изгледа бизарно како мешавина од „иновација и екстраваганција“, е дизајн на компанија со седиште во Нант, Франција, која произведува мини-каравани. Изабел Плумеро, претставничка на фирмата изјави дека целта е да се предложи нешто поинакво, да се покаже дека „покојникот сѐ уште е во средиштето на вниманието“ на погребот, но сѐ тоа да биде и „посовремено“ претставено. Според неа, превозот на ковчегот со велосипед нуди „еколошки, потивок и почовечен пристап“ кон концептот на погребната поворка. Возилото долго 3,6 метри се движи со електричен велосипед што „го турка“ одзади. Ковчегот е поставен на платформа со тркала, има дел за цвеќиња и венци, како и хоризонтален рачен држач за придружбата до ковчегот.  си/

Остани поврзан