• сабота, 23 ноември 2024

Во Пакистан автобус со муслимански верници падна во провалија, 17 загинати и 16 повредени

Во Пакистан автобус со муслимански верници падна во провалија, 17 загинати и 16 повредени

Квета, 11 април 2024 (МИА) - Во југозападен Пакистан, 17 лица загинаа, а 16 се повредени кога автобусот во кој се наоѓале паднал во провалија.

Портпаролот на провинцијата Белуџистан, Шахид Ринд изјави дека сообраќајната несреќа се случила синоќа кога верниците се упатиле кон едно свето место за да го прослават Рамазан Бајрам.

Возачот изгубил контрола над автобусот и паднал во провалија на само 25 километри од дестинацијата.

Петнаесет лица се во тешка состојба, а во автобусот имало 33 лица, меѓу кои и возачот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан