• сабота, 28 декември 2024

Во Охрид ќе се одбележат 250 години од раѓање на Лудвиг ван Бетовен

Во Охрид ќе се одбележат 250 години од раѓање на Лудвиг ван Бетовен
Охрид, 17 декември 2020 (МИА) – Со низа активности и манифестации денеска во Охрид ќе биде одбележана 250-годишнината од раѓањето на познатиот композитор Лудвиг ван Бетовен. Предвидено е на повеќе локации низ градот да се изведуваат и пуштаат дела на славниот светски композитор, а негови композиции ќе се емитуваат и на локалните радио станици како и во угостителските објекти. Во чест на големиот уметник своја верзија на неговата „Ода на радоста“ снимија уметниците Ѓоко Танески и Жармена Китрозоска, како и изведба на охридскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“. Кон одбележувањето на јубилејот се вклучија и учениците од Музичкото училиште „Методиј Патчев“ од Охрид, а во рамки на активностите на фасадата на нивното училиште е исцртан графит со ликот на големиот уметник. Лудвиг ван Бетовен е еден од најпознатите светски композитори од периодот на класицизмот и раниот романтизам. Роден е во декември 1770 година во семејство со холандско потекло, а живеел и кариера направил во Виена. На само 30 години почнал да го губи слухот, а потполно оглувел на 46 години. Последните десет години од животот компонирал целосно глув, напротив некои од неговите најпознати дела се токму од тој период од неговиот живот.аб/бт/

Остани поврзан