• вторник, 12 ноември 2024

Во Охрид одржано 10-то Собрание на Националната секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА)

Во Охрид одржано 10-то Собрание на Националната секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА)

Охрид, 31 јануари 2024 (МИА) – Во Охрид изминатиот викенд се одржа јубилејното Собрание на Националната секција на „Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија“, по повод десет години од нејзиното полноправно членство во светското ИПА семејство и 13 години од формирањето на Националната секција на ИПА.

На собранието учествуваа претседателот Игно Стојков, членови на Управниот одбор на „ИПА Македонија“, делегатите од сите ИПА региони во земјава, како и претседатели и членови на делегации од Албанија, Романија, Бугарија, Грција, Кипар, Хрватска, Словенија и Австрија, при што беа разгледувани нови иницијативи и форми за меѓусебна соработка.

На претседателот на ИПА Охрид, Стефан Димоски, му беа врачени плакети за „одлична соработка и достигнувања на целите и интересите, принципите и репутацијата на Обединетите Нации и на „Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија“. аб/нд/

Фото: ИПА Охрид

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан