• четврток, 26 декември 2024

Во Охрид и околината утревечер запрашување против комарци

Во Охрид и околината утревечер запрашување против комарци

Охрид, 8 јули 2024 (МИА) – Во текот на утрешниот ден на територијата на Општина Охрид ќе се врши теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19 часот во вторник до шест часот в среда, а со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, како и потегот на реките Грашница и Коселска.

Заради тоа се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Охрид да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите, а до граѓаните се апелира во посочениот период за кога е предвидено запрашувањето да избегнуваат движење на посочениот опфат.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. аб/цр

Фото: МИА

 

Остани поврзан