• петок, 27 декември 2024

Во охридско-струшкиот крај лани и годинава откриена нелегална сеча на 235 кубни метри дрво, поднесени 15 пријави

Во охридско-струшкиот крај лани и годинава откриена нелегална сеча на 235 кубни метри дрво, поднесени 15 пријави

Охрид, 30 октомври 2023 (МИА) – Полициските службеници од СВР Охрид минатата и во првите девет месеци оваа година при спроведени заеднички и одделни акциски контроли откриле 35 сторители на кривични дела „нелегална сеча на дрва“, пустошење шуми“ и „кражба на дрва“.

Од нив 25 се во 2022 година, додека останатите десет случаи се во периодот до септември годинава. Притоа вкупно се откриени 235,4 кубни метри нелегално пресечено дабово и буково огревно дрво, од кои во 2022 година 41,3 додека оваа година 194,1 метри кубни, за што се поднесени 15 соодветни пријави - осум минатата и седум оваа година.

Сторителите, најчесто се државјани на РСМ и на соседна Република Албанија од кои повеќето без регулиран престој во земјава.

Од СВР  - Охрид информираат дека во континуитет, одделно и во соработка со Регионалниот Центар за Гранични работи-Запад,  Шумската полиција и ЈП „Национални шуми“, преземаат мерки со цел сузбивање на нелегалната сеча на огревни дрва на целото подрачје што го покрива и фаќање на лица сторители на тие кривични дела.

Нелегалната сеча на дрвја се врши најчесто во шумските појаси на планините Караорман, Петринска планина и Галичица, поточно во атарот на селата Црвена вода, Скребатно, Ливоишта, Лескоец, Велгошти, Љубаништа, Јабланица, Вишни, Лабуништа, Мали Влај, Франгово, Радолишта. аб/са/

фото/МИА архива

 

Остани поврзан