• недела, 24 ноември 2024

Во Орегнон отворено засолниште за ладење

Во Орегнон отворено засолниште за ладење
Вашингтон, 9 јули 2021 (МИА) - Во Портланд, во американската сојузна држава Орегон отворено е засолниште за ладење, откако поради жешкото време починаа речиси 200 луѓе. Најмладата жртва имаше 37, а највозрасната 97 години. Најголем број смртни случаи имаше во округот Мултномах бидејќи недостигале клими и вентилатори. - Овој огромен скок на смртноста поради топлото време е трагично и нешто што многумина мислеа дека нема да го видат во северозападниот дел на Пацификот, изјави д-р Скот Линдкуист. Топлотниот бран што го погоди западниот дел на Канада усмрти дури 500 луѓе во Британска Колумбија и поттикна стотина шимски пожари кои се уште не се изгаснати. Во некои области регистрирани биле 46 степени Целзиусови. ми/  

Остани поврзан