• недела, 28 јули 2024

Во општинските администрации на Штип и Карбинци доминираат жените

Во општинските администрации на Штип и Карбинци доминираат жените

Штип, 8 март 2024 (МИА) - Над 50 отсто од вработените во Општина Штип се жени. Претседателот на Советот на општината е жена, жена е и секретарот на Општината. Од 76 вработени жени, пет се на раководни функции, изјави денеска по повод Меѓународниот ден на жената, сектертарот на Општина Штип,  Вишна Шорова-Ангелова.Таа посочи дека  со ова се покажува дека жените се рамноправи во областа на вработувањето, а особено во локалната самоуправа во Штип. Дополнително тие се ценат и од аспект на одговорно извршување на нивните работни задачи.

-Во Општина Штип од вкупниот број на вработени има над 50 отсто жени кои се вработени. Некаде околу 76 жени се вработени од кои пет се раководителки, и тоа е 50 проценти од вкупниот број на раководители. Тоа значи дека жените котираат високо на  позициите во локалната самоуправа и се разбира соработката со нив е на многу високо ниво од аспект на одговорност и извршување на работните задачи, рече Шорова-Ангелова.

Слична ситуација со висок процент на  вработени жени е и во јавната администрација во поголем дел од општините на истокот.

Во Општина Крабиници од 14 вработени во општината дури девет се жени, или високи 64 отсто. Жени има и во Советот на Општината, па од вкупно девет советници три се жени. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан